Над 10 милиони луѓе останаа без струја во Мексико

Сподели со своите пријатели

По краток дефект на електричната мрежа, 10,3 милиони луѓе повторно добија струја во Мексико. Најголем број домаќинства беа погодени во главниот град Мексико Сити и неговата околина.

Loading...

Прекинот во снабдувањето се случи по „ниска фрекфенција“ на електричната мрежа, објави синоќа на Твитер мексиканската Сојузна комисија за електрична енергија.

Во некои делови на Мексико повремено има прекини во снабдувањето со струја, но масовните прекини се ретки во оваа земја, каде живеат 129 милиони луѓе.

Габриела Точко

Leave a Reply