93 казни за неносење маска во Куманово изминатото деноноќие

Loading...
Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи во текот на изминатото деноноќие евидентира 93 прекршувања на законската одредба за задолжително носење заштитна маска.

Како што информираат од кумановската полиција, најмногу казни се изречени во Куманово, дури 71.

– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (27.12/28.12.2020), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 93 лица не ја почитувалe, од кои 71 во Куманово, 17 во Крива Паланка и 5 во Кратово  и ќе следуваат соодветни мерки, стои во соопштението од СВР Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply