Во Јужна Кореја регистрирани први случаи на зараза со новиот вид на коронавирус

Сподели со своите пријатели

Јужна Кореја ги регистрираше првите случаи на инфекција со новиот вид на коронавирус, кој е откриен во Велика Британија, пренесоа светските агенции.

Loading...

Корејската агенција за контрола и превенција на болести соопшти дека случаите биле потврдени во тричлено семејство кое пристигнало во земјата на 22 декември. Сите тројца се наоѓаат во карантин.

Еден ден по нивното пристигнување, Јужна Кореја ги затвори своите граници до 31 декември за сите патници од Велика Британија, со цел да се заштити од ширење на новиот вид на коронавирус.

Во изминатите 24 часа во Јужна Кореја се потврдени нови 808 случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени во земјата достигна 57.680. Како последица на коронавирусот починале 819 лица.

Јужнокорејските власти ветија дека ќе ги зајакнат напорите за спроведување масовна вакцинација во земјата.

Габриела Точко

Leave a Reply