Бајден: Најцрните денови во борбата против коронавирусот се пред нас

Сподели со своите пријатели

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден во божиќната порака до сонародниците синоќа истакна дека борбата против пандемијата продолжува и ја обвини актуелната администрација што дозволила да се случат големи кибер напади врз САД.

Loading...

Запирање на пандемијата на коронавирусот и обновата на американската економија е една најважните работи со кои новата администрација на Бајден ќе се зафати по преземањето на Белата куќа. 

-Најцрните денови во борбата против вирусот се пред нас, а не зад нас, треба да покажеме трпение, издржливост и одлучност за да го победимерече тој. Побара Американците да бидат внимателни за празниците, „да се грижиме еден за друг и да останаме уште малку разделени, како што направивме и за Денот на благодарноста“.

Бајден го искритикува претседателот Доналд Трамп за тоа што ги потценил кибер нападите. 

Повеќе официјални лица ја обвинија Русија за неодамнешните кибер напади врз десетици американски државни агенции и за ширење штетни програми кај илјадници компании. Новоизбраниот претседател за ова изјави дека не постојат индиции дека ситуацијата е под контрола. Предупреди дека САД нема да седат со скрстени раце, а ќе одговорат на нападите. 

Бајден го обвини актуелниот претседател во тоа што не обезбедил заштита на земјата. Исто така, ги искритикува службите дека не соработуваат целосно во преземањето на власта од неговиот тим, и дека Министерството за одбрана „не сака дури и да нѐ брифира за многу работи“. 

Бајден го пофали Конгресот за донесување на законот за економска помош, и вети дека веднаш по преземањето на власта, ќе побара дополнителни мерки за заштита на Американците.  

Бајден истакна дека направил „очигледен избор“ за државен обвинител на САД. Си-Ен-Ен дознава дека името на носителот на оваа позиција ќе биде обајвено денеска или најдоцна утре.

Loading...

Борис Камчев, САД

Leave a Reply