Заврши асфалтирањето на две улици во две одделни населби во Куманово

Сподели со своите пријатели

Заврши асфалтирањето на две улици во две одделни населби во Куманово, соопштија денеска надлежните од одделението за комунални дејности.

Loading...

Оваа недела заврши асфалтирањето на улицата „103“ во населбата Карпош, опфатени се 882 метри квадратни, извршена е корекција на шахти.

 

 

За асфалтирањето на улицата одвоени се 1. 040.460 денари.

Во меѓувреме заврши и асфалтирањето на улицата „Јоско Илиевски“ во Циглана. Опфатена е површина од 1653 метри квадратни за што се одвоени 1.950.540 денари.

 

Loading...

 

Градежните активности на двете улици ги спроведуваше фирмата „Кооп Инжињеринг“.

-Двете улици претходно имаа гребен асфалт, тампон кој низ годините и поради временските услови беше отстранет. Оваа година двете улици беа опфатени во програмата и се завршени- изјави помошникот раководител на одделението за комунални дејности, Момчило Јовановски.

Leave a Reply