Францускиот министер за здравство, Оливие Веран, денеска изјави дека е можно во земјата да циркулира новиот вид на коронавирус, иако последните тестови не го утврдија неговото присуство.
Loading...
-Сосема е можно вирусот да е во Франција, изјави Веран за радиото „Европа 1“.
Новиот вид на коронавирус, откриен во Лондон и југоисточна Англија, најверојатно е за околу 70 проценти позаразен, заради што Британците воведоа уште построги ограничувачки мерки и добија забрани да одат во многу земји, особено во европските, или по воздушен пат или по копно, додаваат британските медиуми.
Сашко Димевски