Ѓоковиќ втор во историјата на тенисот кој поминал 300 недели на првата позиција на АТП рангирањето

Сподели со своите пријатели

Седумнаесеткратниот победник на Грен слем турнирите Новак Ѓоковиќ денес ја започна својата 300. недела на лидерската позиција на АТП ранг-листата.

Loading...

Србинот е втор тенисер во историјата на тенисот со вакво достигнување. Пред него, само Швајцарецот Роџер Федерер има 300 седмици како прв светски рекет. Федерер успеа да се задржи на првото место вкупно 310 недели.

Ѓоковиќ е на добар пат да го сруши рекордот на Федерер. Тоа најрано може да се случи на  8 март 2021 година. 

Зоран Стерјовски

Leave a Reply