Кому, како и зошто Гугл има право да му ги избрише профилите?

Сподели со своите пријатели

Google ја смени политиката за бришење податоци и кориснички профили на своите услуги.

Loading...

Еве што значи тоа.

Бришење на вишок документи

Google ги ажурираше своите „правила за квоти“, во кои се наведува дека во иднина, секој профил ќе има само 15 GB простор за складирање, и тоа поделено на сервисите Gmail, Google Drive и Google Photos.

Оние кои „вчитуваат“ повеќе од тоа на своите сервери до 1 јуни 2021 година, ќе бидат во опасност да изгубат дел од своите документи.

Корисниците кои остануваат во ваква „повреда“ повеќе од две години ќе останат без вишок документи.

Значи, на 1 јуни 2023 година, Google ќе избрише сè што е над овие предвидени 15 GB.

 

Loading...

 

Бришење на податоци на неактивни корисници

Друга ситуација во која би можеле да останете без податоци се однесува на неактивни сметки. За корисниците кои нема да ги користат своите профили две години, по тоа време, лозинките ќе бидат избришани, заедно со сите податоци на нив, пренесува Буг.

Дефиницијата за (не) активност ги вклучува сите услуги – Gmail, Google Drive, Google Docs, Sheets, Slides, Drawings, Forms, Jamboard и Sites- и сите податоци од овие услуги може да исчезнат кај оние кои не се најавуваат две години.

Важно е да се напомене дека корисниците кои не се активни две години, на пример, на Google Photos, ќе останат само без фотографии. Со други зборови, само податоците од неискористените услуги ќе бидат избришани.

 

Loading...

 

Како да останете активни?

И во двата случаи, корисниците ќе бидат навремено известени за какво било бришење документи.

Ако сакате да бидете безбедни од бришење и да останете „активни“ на сите услуги, доволно е да се најавувате на некои од нив од време на време и тоа е тоа.

Leave a Reply