Неделна временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде претежно облачно, по котлините со магла и ниска облачност. Претпладне во јужните делови ќе има слаб локален дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со сосема слаб ветер од западен правец. Температурата ќе се движи од два степени под нулата во текот на утринските часови, а во текот на денот максимумот се очекува да достигне пет степени целзиусови.

 

 

Утре ќе имаме сончево до умерено облачно време. Утринската температура ќе изнесува еден степен во позитива, а дневниот максимум се очекува да достигне седум степени.

Среда носи минимално покачување на температурата. Ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Температурата ќе се движи од еден степен во утринските часови, до максимални осум во текот на денот.

Loading...

Истата временска прогноза синоптичарите ја најавуваат и за четврток.

Во петок влажен воздушен бран ќе донесе зголемување на облачноста и врнежи од дожд. Температурата ќе се движи од -1 во утринските часови, до максимални дневни седум степени.

Сабота носи поголемо заладување, па врнежите од дожд наместа ќе преминуваат во врнежи од снег. Температурата во утринските часови ќе се движи околу четири степени под нулата, а дневниот максимум ќе изнесува нула степени.

Слично ќе биде и во недела кога ќе имаме конбинација на дожд и замрзнат дожд. Температурата ќе се движи од -3 во раните утрински часови, до само два степени во позитива во текот на денот.

 

 

И на почетокот на следната работна недела нѐ очекува слично метео, но за новогодишната ноќ според сегашните најави ќе биде стабилно и суво.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply