Државниот пазарен инспекторат во асистенција со полицијата, вчера извршила контроли во 54 угостителски објекти во кумановско-липковскиот крај при што неправилности биле регистрирани во еден објект.
– На 19.12.2020 во периодот од 17.00 до 21.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово, во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле контрола во 54 угостителски објекти на подрачјето на општините Куманово и Липково, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Притоа, како што појаснуваат од МВР, во угостителски објект на бул.„Трета македонска ударна бригада“ било констатирано дека растојанието помеѓу масите отстапува од протоколите за работа на угостотелските објекти, согласно Одлуките на Владата на Република Северна Македонија за спречување на ширењето на ковид-19.
Од страна на Државниот пазарен инспекторат преземени се соодветни законски мерки, стои во соопштението од полицијата.
Никола Ивановски