Американецот Рој Чарлс Валер (60), сериски силувач кој цели 15 години тероризираше жени во Северна Калифорнија, остатокот од својот живот ќе го мине зад решетки, откако е осуден на 897 години затвор.
Loading...
Валер во периодот од 1991 до 2006 година нападнал голем број жени во Калифорнија, упаѓајќи им во домовите, каде потоа ги силувал, јави Си-Ен-Ен.
Неколку од своите жртви тој прво ги киднапирал и насила ги носел до банкомат за да ги ограби.
Валер бил идентификуван според траги од ДНК, а некои од неговите жртви сега имаат повеќе од 80 години.
Сашко Димевски