Во текот на празниците во САД ќе патуваат 85 милиони лица

Сподели со своите пријатели

Американското Авто-мото здружението (ААА) предвидува дека за божиќните и новогодишните празници во земјата ќе патуваат околу 85 милиони лица и покрај барањата на здравствените работници тоа да не го прават, бидејќи можат да предизвикаат нов бран на коронавирусот.

Loading...

Според проекциите на ААА, Американците најмногу ќе патуваат меѓу 23 декември и 3 јануари, претежно со автомобили, јавија американските медиуми.

Медиумите пресметаа дека овие проекции на ААА, сепак, се пад од една третина во споредба со 2019 година, но бројката од 85 милиони е огромна, со оглед на тоа што во тек е пандемијата.

Експертите се грижат дека Божиќ и Нова година ќе се претворат во масовно ширење на коронавирусот, бидејќи многу жители на САД ќе се релаксираат, или поради недостаток на страв од вирусот или поради охрабрувачки вести за вакцината.

-На почетокот на пандемијата луѓето не патуваа затоа што не знаеја што ги чека. Но, сега тие мислат дека ако се заразат болеста ќе ја преболат во поблага форма, како настинка, изјави професорот за заразни болести на Универзитетот Калифорнија, од Сан Франциско.

Сашко Димевски

Leave a Reply