Бајден за својот кабинет избра припадничка на домородното население

Сподели со своите пријатели

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден ќе ja номинира припадничката на домородното население, конгресменката Деб Халанд (60), за член на неговиот кабинет.

Loading...

Таа ќе врши надзор на агенцијата задолжена за управување и зачувување на поголемиот дел од сојузното земјиште и природните ресурси во земјата, вклучително и националните паркови и резерватите на староседелците.

Халанд, која е припадник на лагуната на Пуебло индијанците, го претставуваше првиот конгресен округ во Ново Мексико, кој го опфаќа Албукерки и други предградија, а од 2019 година претседава со поткомитетот за национални паркови, шуми и јавни земји во Претставничкиот дом.

Американските медиуми потсетуваат дека Халанд и Шарис Дејвис се првите припаднички на домородното население во Конгресот.

Таа за „Њујорк Тајмс“ изјави дека ќе и биде драго да биде дел од климатската агенда во тимот Бајден-Харис и на тој начин да и помогне на Владата да управува со односите со племињата и воедно да служи како прв член на кабинетот во историјата кој е и припадник на домородното население.

Јасмина Тасевска

Leave a Reply