„Волстрит џурнал“: Кинески државни компании извлекоа речиси две милијарди евра во ЕУ од државни тендери

Сподели со своите пријатели

Кинески државни компании значително го зголемија своето присуство во процедурите за државни тендери во Европа во текот на изминатата година. Тоа се нагласува во анализа на весникот Волстрит џурнал.

Loading...

Пазарот за јавни набавки во Европската унија е меѓу најголемите во светот и се проценува на околу 2 илјади милијарди евра годишно. Унијата повикува компании од целиот свет да градат патишта, мостови, пруги и далноводи. Според Брисел, конкуренцијата ги одржува ниските цени, а европските се конкурентни на светско ниво.

Во 2020 година, кинеските компании добија тендери за скоро две милијарди евра, повеќе од двојно од минатата година, според јавните податоци.

Европските компании велат дека кинеските конгломерати – директно во сопственост или субвенционирани од Кина – даваат до 30 отсто пониски цени. Некои политички лидери тврдат дека нерамнотежата ќе се влоши уште повеќе по кризата, кога влади кои нема да имаат средства ќе треба да позајмат за инфрасттруктурни проекти.

„Европските даночни обврзници и плаќаат на кинеската влада за иградба на инфраструктрура и тоа во крајна сметка ги ослабува европските компании кои тука плаќаат даноци“, велки Алиша Гарсија Хереро главен економист во Натиксис.

Долго време, европските гиганти доминираат на меѓународните пазари, градејќи пристаништа во Африка, електроцентрали на Блискиот исток и тунели под азиските мегаградови. Денес истите тие компании губат пазарен дел во светот и дома.

Брисел не следи колку порачки и со колкава врендост се добиени од Кинезите. Но, во 2020 година ЕК почна посериозно да го разгледува проблемот. Податоците покажуваат дека во текот на последната деценија кинеските компании добиле порачки вредни  4,5 милијарди од кои 1,9 милијарди евра cе од последната година.

Во Кина е забрането странски компании да добиваат државни договори. Слична забрана има и во САД. Во исто време, европските компании работат на условите на пазарот, додека нивните кинески колеги добиваат значителна поддршка од остатокот од светот.

Loading...

„Кога ќе ги погледнеме бројките во понудата, гледаме цени што ниту една приватна компанија не може да ги понуди“, рече Доменико Кампопанде директор на Европската федерација на градежната индустрија.

Резултатот е дека кинеските субвенции им помагаат на кинеските компании да заработат пари финансирани од европски даноци. И во исто време да ја поткопаат позицијата на европските компании.

Некои од најуспешните „победи“ на кинеската компанија вклучуваат изградба на нов тунел за метро во Стокхолм. Кинеската компанија понуди пониска цена помеѓу 48 и 66 отсто пониска  во споредба со европските конкуренти што учествуваа на тендерот.

„Ние се натпреваруваме со кинеската држава и ова не изгледа правично“, рече Патрик Мапелијк, извршен директор на Субтера Сведен. „Не можам да одам во извршната власт и да барам пари“.

Еден од големите проблеми на Стариот континент е тоа што ЕК и одделни земји не можат да ги следат и блокираат странските компании, кои се „субвенционирани“ од државата.

Така, во 2017 година, кинеската државна компанија China Road и Bridge Corp. победија на тендер за изградба на мост во Хрватска, нудејќи значително пониска понуда на австриска и турсњка компанија.

Златко Шумковски

Leave a Reply