Британската малопродажба минатиот месец нагло падна поради четиринеделното заклучување во Англија, во кое беа затворени продавниците за производи кои не спаѓаат во основни, покажаа денешните официјални податоци.
Прометот во трговијата на мало во ноември падна за 3,8 проценти, откако порасна за 1,3 проценти во октомври, што е најголемиот пад од април, кога за првпат беа воведени рестриктивни мерки поради пандемијата на коронавирусот.
На годишно ниво, растот на трговијата на мало се преполови минатиот месец на 2,4 проценти од нивото од 5,8 проценти, соопшти британскиот Национален завод за статистика.
Малопродажбата е една од ретките светли точки во британската економија од избувнувањето на пандемијата, за која Банката на Англија процени дека влијаела на падот на бруто домашниот производ за повеќе од 11 проценти во текот на 2020 година.
Јасмина Тасевска