Над 75 милиони луѓе во светот веќе се заразиле со коронавирусот, покажуваат најновите податоци на страницата worldometers.info.
Loading...
Како последица на болеста починати се над 1,6 милиони лица, односно околу три проценти од заболените, а 52,6 милиони луѓе заздравеле од болеста (или 97 проценти), покажуваат денешните податоци.
Во моментов во светот има повеќе од 20 милиони активни случаи, а 20,5 милиони имаат лесна или умерена здравствена слика, додека повеќе од 107.000 лица се наоѓаат во критична состојба, што е околу 0,5 проценти од болните.
Сашко Димевски