Претседателот на САД, Доналд Трамп порача денеска дека нема ништо со потенцијалното судско гонење на Хантер Бајден, син на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден.
Трамп напиша на Твитер дека не е вмешан во каква било криминална истрага која се однесува за семејството на Бајден.
Неговиот твит е објавен веднаш откако вршителот на должност државен обвинител Џефри Роузен одби да каже дали ќе активира специјален совет, кој би можел да ги истражува бизнисите на Хантер Бајден во странство.
– Трамп размислувал дали да му изврши притисок на Министерството за правда да формира специјален совет за Хантер Бајден, изјавил анонимен извор за американските медиуми, кој е добро запознат со целата приказна.
Хантер Бајден на 9 декември ги отфрли тврдењата дека неговите бизниси се под истрага на јавниот обвинител на државата Делавер.
Габриела Точко