Словенечката Влада ја продолжи состојбата на епидемија за нови 30 дена

Сподели со своите пријатели

Словенечката Влада и официјално ја продолжи епидемијата за уште 30 дена, почнувајќи од утре, изјави денеска владиниот портпарол Јелко Кацин.

Loading...

Во регионите од Словенија во која има добар епидемиолошки статус, зелено светло з аработа ќе можат да добијат музеите, библиотеките и галериите.

-Се уште не е договорен сетот ограничувачки мерки за време на празниците, додаде Кацин, пренесен од СТА.

Онлајн наставата ќе трае барем до 25 декември, а се разгледува можноста и за отворање училиштата по празниците.

Зборувајќи за режимот што ќе важи за претстојните празници, Кацин кажа дека е можно да се дозволи привремено движење меѓу општините, како и собири на ограничен број луѓе.

Можно е укинување на ноќниот полициски час и забрана за употреба на пиротехника.

Сашко Димевски

Leave a Reply