Анкета: Осум од 10 Италијанци би се вакцинирале против Ковид-19

Сподели со своите пријатели

Осум од 10 анкетирани Италијанци би се вакцинирале против Ковид-19, покажуваат резултатите од анкетата на агенцијата Аднкронос.

Loading...

Сепак, половина или 53 проценти од оние кои би биле вакцинирани се против вакцината да биде задолжителна, додека 43 проценти би почекале одредено време пред да се вакцинираат.

Италијанското Министерството за здравство соопшти дека се набавени 1,8 милиони вакцини од Фајзер, а првенствено ќе бидат вакцинирани загрозени категории – припадници на безбедносните сили, медицински персонал и лица од домови за нега на стари лица.

Марина Илиевска

Leave a Reply