Сончево со мала до умерена облачност, по котлините магла

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Претпладне по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност кои во текот на денот ќе се намалат.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени.

Во Куманово и околината ќе имаме магловито утро. Во текот на денот ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Температурата ќе се движи од -2 степени во утринските часови, до максимални осум степени во текот на денот.

Следува период на стабилно и суво време. По котлините во претпладневните часови ќе има појава на магла и ниска облачност.

 

Leave a Reply