Привршуваат повеќе инфраструктурни проекти во „Зафир Сајто“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Привршуваат повеќе инфраструктурни проекти во кумановскиот Дом за стари лица „Зафир Сајто“, соопштија денеска надлежните од установата во која се згрижени над 130 корисници од целата држава.

Loading...

Во моментов се адаптираат поголеми простории за амбуланта и простории за нова физиотерапија и административни простории.

За оваа реконструкција, одвоени се 557.000 денари. Надлежните соопштија дека е набавена комплетна опрема за физиотерапија (масажери, душеци, лента за трчање, степер, медицински кревети медицинска, за што се одделени 575.000 денари.

Во тек е и набавка на нова медицинска опрема за амбуланта. Набавена е уште една професионална машина за перење, за 349.000 ден.

 

 

Реконструирана е урбаната опрема и паркинг со дополнителни паркинг позиции, за што одвоени се 1.099.760 денари.

Loading...

– Во тек е проект за функционална поделба на реони во домот заради подобра Ковид организација, поставување на алуминиумски преградни врати – проект за поставување на ролетни и комарници во вредност од 315.000 денари, набавка на столици и замена на дотраен мебел – надградба на системот за видеонадзор и противпожарен систем. Средствата обезбедени за овие капитални проекти, но и за тековни проекти неспомнати со капиталните се обезбедени од сопствени средства на установата, и од блок дотации добиени од МТСП-изјави директорот на установата, Дејан Стојановски.

Имплементацијата на проектите значително ќе ги подобри условите за престој во домот, смета Стојановски, особено новата физиотерапија и новата амбуланта кои ќе бидат комплетно опремени. Со нив, ќе се обезбеди зголемена ефикасност и ефективност во извршувањето на услугите за корисниците во Домот. Проектите се очекува да завршат до крајот на годинава.

 

 

– Навремените мерки за изолација и превенција кои ги презедоа вработените во домот дадоа резултат и немаме ширење на вирусот. Имаме седум оздравени корисници од Ковид и двајца починати. Ја следиме ситуацијата постојано. Имаме цел реон од домот резервиран за изолација на сомнителни случаи. Имаме редовна и постојана комуникација на релација семејство на корисник, матичен лекар, општа болница и Здравствен дом Куманово. Редовно се земаат примероци од крв и потоа од матичен лекар или специјалист се препишува терапија. За сите потешки случаи е дефинирана можна хоспитализација. Во оваа прилика би сакал да се заблагодарам на целиот персонал од домот, но и на поединци кои несебично се вложуваа во оваа исклучително тешка година за установата и придонесоа домот да продолжи со својата редовна работа, а зацртаните цели да бидат остварени-вели Стојановски.

Александра Максимовска

Leave a Reply