Без струја денеска и утре низа локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Низа локации во Куманово и околината денеска и утре ќе бидат без електрична енергија во одредени периоди од денот.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, денеска од 08:00 до 14:00 часот без струја ќе биде улицата „Вук Караџиќ“.

Во период од 08:00 до 10:00 прекини ќе има на улиците „Бајрам Шабани“ и „Браќа Филиповиќ“.

Утре без електрично напојување во период од 08:00 до 13:00 часот ќе останат улиците „Тоде Мендол“, „Васил Антевски“, како и дел од улицата „Доктор Рибар“.

Жителите од улицата „Бајрам Шабани“ без електричан енергија ќе бидат во пеирод од 09:00 до 14:00 часот.

Прекини утре ќе има и во низа села во кумановско. Во период од 08:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат селата Клечовце, Новосељане, Зубовце,Косматац, Мургаш, Кутлибег, Кшање, Нешкоа маала, Кокошиње, Скачковце,(Скачковце млин ), Колитско, Кучкарево, Габреж, Градиште, Стрезовце, Зубовце, Клечовце стопанство и Градиште.

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во дистрибутивната мрежа.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply