Потврден првиот случај на коронавирус меѓу диви визони во Јута

Сподели со своите пријатели

Во близина на заразена фарма на визони во американската држава Јута потврден е првиот случај на Ковид-19 кај диви животни од овој вид, јави пренесува Би-Би-Си.

Loading...

Во предупредувањето издадено до Меѓународното здружение за заразни болести, американските ветеринарни служби соопштија дека дивиот визон кој бил позитивен на коронавирусот бил во близина на заразената фарма во Јута.

Ова е првиот познат случај на ковид-19, потврден меѓу диви визони, што предизвика загриженост дека вирусот може да се прошири и на оваа популација.

Визоните кои се одгледуваат на фарми поради нивното крзно, се подложни на заразување со коронавирусот.

Јасмина Тасевска

Leave a Reply