Двете највлијателни научни медицински списанија во Велика Британија упатија апел до Владата да се откаже од планот за укинување на дел од рестриктивните мерки, воведени поради Ковид-19, пет дена околу Божик, поради ризик од преоптоварување на здравствените служби.
Во своето второ заедничко соопштение на уредниците по повеќе од сто години „Бритиш медикал џурнал“ (British Medical Journal) и „Хелт сервис џурнал“ (Health Service Journal) наведуваат дека Владата треба да ги заостри мерките петте дена околу Божик, а не да дозволи контакти помеѓу членови од три семејства.
– Веруваме дека Владата наското ќе направи уште една голема грешка, која ќе не чини голем број животи. Доколку нашите политички лидери не преземат брза и одлучна акција, тие веќе нема да можат да тврдат дека ја штитат Националната здравстена служба (НХС), истакнуваат научниците.
Марина Илиевска