Димитриевски: Бугарија треба да се извини јавно за фашизмот од Втората светска војна и да продолжиме понатаму

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски беше гостин во Студио 10 на Телевизија 24 каде тема на разговор беа евроатлантските перспективите на Македонија, политичките предизвици и ветото од соседна Бугарија, но и како после ова вето до европска држава без помош на Европа. Димитриевски изјави дека не е во ред и крајно недемократски е да се спречува една држава да стане член на ЕУ, пред се бидејќи Македонија и географски, но и суштински припаѓа на Европа и нашето место е таму, како што вели тој.

Loading...

“Верувам дека ЕУ ќе ги лоцира сите пропусти во делот на функционирање на системот кога се зборува за вакви постапки за доаѓање до членство во Европската унија и впрочем ќе се обиде да ги анулира истите и да ги сведе ризиците на ваквите постапки на минимум. Недемократски начин е да се спречува една држава да стане член на ЕУ, бидејќи Македонија и географски, но и суштински припаѓа на Европа и нашето место е таму. Верувам дека дополнително ќе се изнајдат решенија како да се надмине овој проблем, а впрочем во политичката елита во соседна Бугарија исто така очекувам да преовладее разумот којшто суштински ќе го третира проблемот кој е отворен од нивна страна. Ако веќе се нарекуваме пријателски, соседски, па дури и братски народи, тогаш сметам дека братот на братот не му става сопки на патот на просперитет”, вели Димитриевски.

Во однос на поддршката за Македонија од страна на Германија, според Димитриевски Германија е еден од најсериозните партнери на Македонија кои ги има во меѓународната заедница, вклучувајќи ги и САД. Впрочем и робната размена помеѓу Македонија и Германија е исто така висока, а Македонија има суштинско партнерство и видлива поддршка во јавноста.

За актуелното вето од страна на соседна Бугарија, тој потенцираше дека стратешката цел на Македонија е јасна и дефинирана и оваа Влада суштински се залага за имплементација на евроатлантските интеграции на државата и чекориме цврсто по тој пат.
“Не постои дилема во општеството ниту пак кај политичката елита има други размислувања, но факт е дека со повторување на историјата од страна на одредени наши соседи, тогаш нашата држава се стопира на тој пат и овде е случајот со соседна Бугарија. Наша блиска држава, првенствено блиска помеѓу граѓаните, а многупати не според имплементираните политики и верувам дека ќе го надминеме и овој проблем и ќе успееме да станеме полноправна членка на Европската унија како што станавме и членка на НАТО. Пред се затоа што Македонија има голем број пријатели во европското семејство, се стремиме кон тие вредности и работиме да го постигнеме нивото на тие вредности. За жал ова е Балкан, регионот е таков специфичен и секогаш имаме сопки на тој пат.”

Димитриевски посочи дека ние како држава во ниту еден момент не смееме да дозволиме да си го погазиме сопственото битие бидејќи Македонија е суверена држава, со суверен народ и етнички заедници кои се стремат да бидат полноправни членови на ЕУ. Во ЕУ треба

да влеземе единствено како Македонци. Според него, историските факти не смеат да се побијат, а Бугарија треба да се извини на македонскиот народ, како би можеле да продолжиме во понатамошно градење на пријателство помеѓу двете држави.

„Генералот Михајло Апостолски убаво ги има опишано сите случувања во своите мемоари. Македонија ја ослободиле Македонците…Ние можеме да зборуваме за дел од заедничка историја, но ние си имаме историја која е потврдена и е исклучиво наша. Но, тоа е работа на историската комисија. Не треба да се спречи процесот на евроинтеграцијата. Во Куманово, нема да ги смениме спомениците каде пишува бугарски фашистички окупатор. Факт е дека во Куманово над 1000 луѓе во Втората светска војна ги изгубија животите, од кои најголем дел токму од тој бугарски фашистички окупатор. Јас исто така не можам да негирам дека Отечествениот фронт од Бугарија е исто така на страна на нашите сојузници. Сепак, Бугарија треба да биде свесна за тоа и јавно да се извини и да продолжи понатаму. Во спротивно, ако се осудите да менувате табли, ќе ве осуди првенствено сопствениот народ пред се, а потоа и оние кои ги дале своите животи за денес да имаме сопствена држава.“

Loading...

Интегрално соопштение: Општина Куманово

Leave a Reply