Фајзер и Модерна од вакцините за Ковид-19 ќе инкасираат 32,2 милијарди долари

Сподели со своите пријатели

Водечките фармацевтски компании се очекува да заработат 32,2 милијарди долари од продажба на вакцини за новиот коронавирус во следната година.

Loading...

Мултинационалната компанија за финансиски услуги Морган Стенли објави извештај за очекуваните приходи на водечките фармацевтски компании од продажба на анти-ковид вакцини.

Според тој извештај, американската компанија Фајзер следната година треба да инкасира 19 милијарди долари. Тие средства ќе бидат споделени со неговиот германски партнер БиоНТек.

Фајзер треба да добие 975 милиони долари до крајот на оваа година, а во 2022 и 2023 година ќе продолжи продажбата на вакцини, и таа компанија треба да заработи дополнителни 9,3 милијарди долари за тие две години.

Компанијата Модерна, друг претставник на американската фармацевтска индустрија што разви и произведе своја вакцина против вирусот ќе да заработи 13,2 милијарди долари од продажбата на таа вакцина следната година. Во следните две години, Модерна треба да инкасира дополнителни десет до 15 милијарди долари од продажба на вакцини.

Златко Шумковски

Leave a Reply