Во САД од Ковид-19 починале повеќе од 300.000 луѓе

Сподели со своите пријатели

Бројот на луѓе кои починале од Ковид-19 во САД надмина 300.000 на денот кога земјата ја почна кампањата за вакцинација против коронавирусот што ја предизвикува оваа болест.

Loading...

Од почетокот на епидемијата, во САД починале најмалку 300.267 луѓе, покажуваат податоци на универзитетот Џонс Хопкинс. Пријавени се над 16 милиони заразени, повеќе отколку во која било друга земја.

Во САД вчера почна имунизација со вакцината на компаниите Фајзер и Бионтех.

Јасмина Тасевска

Leave a Reply