Падот на апликациите на „Гугл“ ширум светот, вклучувајќи ги „Јутјуб“, „Џимаил“ и „Докс“, за време на кои корисниците вчера не можеа да пристапат до нив повеќе од половина час денес, предизвика голема загриженост кај милијарди луѓе и огромен број компании.
Прекинот започна вчера во текот на утрото во Велика Британија, а корисниците ширум светот пријавија проблеми со другите услуги на Google.
Според Би-Би-Си, многу поединци и компании се потпираат на услугите на Гугл за основни апликации за работа, како што се е-пошта и календари.
Гугл не даде информации за тоа што ја спречува работата на нивните услуги, иако со овој пад се оштети повеќе од две милијарди корисници кои се загрижени за нивниот бизнис и приватните податоци складирани од услугите на Гугл.
Проблемот со работата на услугите на Гугл можеби траеше кратко, услугите не беа достапни помалку од еден час, но тоа беше вознемирувачко потсетување за тоа колку милиони луѓе станаа зависни од виртуелни услуги.
Компаниите што се одлучија за платформата Google Cloud ќе бидат загрижени за вчерашниот инцидент, без оглед колку е краток. Тие ќе бараат објаснување со цел да знаат што точно тргнало наопаку и да добијат гаранции дека тоа нема да се повтори.
Ваквите дефекти во системите на Гугл се ретки, иако проблемот со некои сервери им создаде тешкотии на корисниците на САД во јуни 2019 година.
Во тој случај, виновникот беше промената во поставките на серверот што требаше да се примени на неколку уреди во одреден регион, но беше случајно применета на многу повеќе, пренесува Би-Би-Си.