Европска комисија се залага вишокот вакцини против Ковид-19, набавени за земјите-членки на Европска Унија, да ги подели со државите од Западен Балкан, изјави портпаролот на ЕК, Ерик Мамер.
Loading...
Тој додаде дека се уште не е познато кога тоа ќе се случи, бидејќи во моментот ниту ЕУ не знае кога ќе бидат достапни вакцините и со кое темпо ќе се распределуваат.
– Нашата јасна намера е да ги охрабриме земјите-членки вишокот вакцини да го поделат со земјите од Западен Балкан и другите соседи и тоа да се организира во еден европски процес, посочи Мамер.
Марина Илиевска