Кумановските кик боксери се вратија со два бронзени медали од Србија (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Со два бронзени медали се вратија кик боксерите Дамјан Радевски и Јосиф Илиевски од клубот „Куманово 2006“, кои викендов учествуваа на Меѓународниот турнир „Balkan best fighters“ кој се одржа во Јагодина, Србија, а во организација на Кик бокс сојузот на градот Ниш.

Loading...

Радевски бронза освои во дисциплината кик лајт во категоријата до 89 килограми. Поуспешен од него беше противникот од Србија Вукашин Вакиревиќ од КБК Pan Gym. Тој го совлада Радевски на поени по изедначена борба во полуфиналето.

 

 

Јосиф Илиевски исто така освои бронза, во категоријата деца од седум до девет години.

– Иднината е на младите генерации, па затоа е убаво од најрана возраст да се занимаваат со спортот и да стекнуваат спортски навики и борбеност и натпреварувачки карактер. За жал борбата на третиот претставник од нашиот клуб Бојан Илиќ кој требаше да се натпреварува во тешка категорија, не се одржа од причина што неговиот противник имаше покачена температура и со оглед на правилниците за заштита од коронавирусот одлучија да ја одложат борбата за некоја друга прилика, изјави Сашо Илиевски, тренер на КБК Куманово 2006 и наставник по физичка култура.

На турнирот учество зедоа повеќе клубови од нашата земја на чело со претседателот на КБФМ Дејан Митревски Урко и натпреварувачи од земји од Балканот, Србија, БиХ, Молдавија, Бугарија, Црна Гора и други.

Loading...

 

 

– Оваа година КБК Куманово може да ја оцени како успешна иако во споредба со другите години имаше помал број на натпреварувања поради Ковид-19. Во недостаток на финансиски средства некои од турнирите, државни и меѓународни, ги прескокнавме. Благодарност до градоначалникот на Куманово, Општинскиот сојуз на спортови Куманово и правниот субјект „Службен весник“ кои помогнаа да ја реализираме програмата за годината што измина, истакна тренерот Илиевски.

 

 

Илиевски одвојуваше и лични средства од својата плата како командир на одделение во ТППЕ Куманово, има завршено два државни факултети, Правен и Факултет за физичка култура, но вели дека не знае од кои причини истите не му се признаваат.

Loading...

– Изразувам незадоволство до другите правни субјекти во градот кои не покажуваат интерес за помош и развој на спортот во нашиот град и се надевам на поголема поддршка во следната година од Општина Куманово и поправедно распределување на средствата помеѓу сите клубови за да можеме повеќе да работиме и да го унапредуваме спортот во градот, додава Илиевски.

 

 

Никола Ивановски

Leave a Reply