Анкета: Мнозинство од избирачите во САД сметаат дека изборите се решени и ја признаваат победата на Бајден

Сподели со своите пријатели

Во пресрет на гласањето на електорниот колеџ на САД за потврда на победата на Џо Бајден, кое треба да се случи денеска, мнозинство од избирачите сметаат дека изборите се завршени и решени и дека е време да се „оди понатаму“.  

Loading...

Од најновата анкета на „Си-би-ес“ и „ЈуГов“, спроведена од 8 до 11 декември, се дознава дека најголем дел од избирачите го признаваат Џо Бајден за легитимен победник. 

Од друга страна, поддржувачите на претседателот Доналд Трамп не сметаат така: 38 проценти од нив бараат изборите да бидат оспорени. Осумдесет и два отсто од неговите гласачи пак, не го прифаќаат Бајден за легитимен претседател. Што е уште позначајно, речиси половина од поддржувачите на Трамп укажуваат дека тој не треба да го признае поразот после гласањето на колеџот на електори, и да направи сѐ што е во негова моќ да остане на власт.  

И покрај тоа што државите го потврдија изборoт на Бајден а судовите одлучија против жалбите за изборна измама, провиците на Трамп за преиначување на изборните резултати се широко прифатени меѓу неговите поддржувачи.  

Анкетаат укажува и дека две третини од избирачите сметаат дека конгресмените републиканци треба да го прифатат Бајден и да продолжат со својата законодавна работа, но кога се работии само за избирачите на Трамп, 75 отсто од нив сметаат дека конгресмените републиканци треба да му помогнат на Трамп да остане на власт. 

Осумдесет и осум отсто од избирачите сметаат дека нивниот глас бил изброен точно, истото го сметаат 78 отсто од републиканците и 98 отсто од демократите. 

Во врска со прашањето дали националните медиуми известувале точно за изборните резултати, 97 отсто од поддржувачите на Бајден сметаат дека тие известувале точно, додека 86 отсто од поддржувачите на Трамп, сметаат медиумите не известувале точно за изборните разултати. 

Борис Камчев, САД

Loading...

Leave a Reply