Во Русија терорист се разнесе и рани шест лица

Сподели со своите пријатели

Најмалку шест чувари се повредени во терористички напад во седиште на Федералната служба за безбедност (ФСБ), во населбата Учкекен, во регионот Карачи-Черкезија.

Loading...

Терорист се разнел во намера да и нанесе штета на ФСБ и да ги прекине операциите во Карачај-Черкеџи.

– Денеска околу пладне, неидентификувано лице се обиде да им нанесе штета на активностите на Федералната служба за безбедност на Русија во регионот. Криминалецот се разнесе и полесно повреди припадници на ФСБ. Нема повредени цивили, соопшти службата.

На повредените им е укажана лекарска помош, а во моментов се на откривање на напаѓачите, додека активностите на ФСБ се одвиваат без прекин.

Јасмина Тасевска

Leave a Reply