Во КОВИД центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 39 пациенти, вкупно се лекуваат 510 болни

Сподели со своите пријатели

Во изминатите 24 часа во КОВИД центрите во Скопје се хоспитализрани 39 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, додека вкупно 510 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Loading...

Како што соопшти Министерството за здравство, во последното деноноќие на интерните клиники имало вкупно 20 приеми и тоа еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за нефрологија, двајца во ковид центарот на Клниката за Неврологија, двајца болни се хоспитализирани на ОРЛ, тројца пациенти на Клиниката за гастроентерохепатологија и по четири болни на очната клиника, на Институтот за ТБЦ и на Клиниката за дерматовенерологија

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало седум нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се примени 12 болни.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 24 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во КОВИД центарот се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 34 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 53 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 22 пациенти, на Клиниката за очни болести 17 пациенти, а на ОРЛ 30 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 26 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 108 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 162 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 34 пациенти, од кои 9 деца и 25 возрасни.

Вкупно 510 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 20 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Loading...

Мирјана Чакарова

Leave a Reply