По неколкумесечна суспензија, американските федерални истражни тела повторно отворија истрага против Хантер Бајден, синот на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден.
По препорака на Министерството за правда на САД, истрагата беше прекината и сите активности што може да влијаат на исходот од претседателските избори во САД беа забранети.
Сега кога завршија претседателските избори, истрагата против Хантер Бајден влегува во нова фаза, а Федералното обвинителство во Делавер, даночната служба и ФБИ преземаат нови чекори и повикуваат сведоци и соработници на Хантер Бајден, јави Си-Ен-Ен повикувајќи се на добро информиран извор близок до истрагата.
„Вчера за првпат слушнав дека обвинителството во Делавер, исто така, вчера ги извести моите правни застапници дека истрагата на даночната служба е одмрзната. Мислам дека ова е многу сериозно, но убеден сум за објективна и професионална истрага извршена законски и соодветно во секој поглед, дури и кога станува збор за даноците“, стои во официјалното соопштение на Хантер Бајден, пренесе Си-Ен-Ен.
Некои од сомнителните трансакции поврзани со деловно работење во Кина, за кои е осомничен синот на новоизбраниот американски претседател, вклучуваат и лица за кои ФБИ смета дека имаат разузнавачки интерес.
Златко Шумковски