СЗО: За една седмица речиси четири милиони новозаразени и 73.000 починати од Ковид-19 во светот

Сподели со своите пријатели

Бројот на новите случаи на коронавирус, регистрирани низ светот за седум дена се зголемил за дури четири милиони во однос на претходната недела, најмногу во Северна и Јужна Америка, соопшти денеска Светската здравствена организација.

Loading...

Според податоците на СЗО, во периодот меѓу 30 ноември и 6 декември вкупно се потврдени 3.970.427 новозаразени и 73.396 смртни случаи како последица на коронавирусот.

Половина од регистрираните случаи се забележани во Северна и Јужна Америка, додека во Европа стапката на заразеност се уште е висока, но бројот на починати се намалува втора недела по ред.

Повеќе од 1.840.000 новозаразени и 28.000 смртни случаи беа пријавени во периодот од 30 ноември до 6 декември во Северна и Јужна Америка, а во Европа за истиот период околу 1.450.000 нови инфицирани и над 19.000 починати.

Во Југоисточна Азија, овие бројки се пониски, со потврдени 332.000 нови случаи и 5.000 починати.

Кога станува збор за државите, бројот на нови случаи во последните седум дена во САД е над 1.250.000, потоа во Бразил 295.000, во Индија 251.000, во Русија 191.000, во Италија повеќе од 145.000 и во Германија над 128.000.

Инфекцијата со коронавирусот се забрзува и во Велика Британија, каде има повеќе од 100.000 нови случаи за седум дена, 93.000 во Иран и 80.000 во Полска, се наведува во соопштението на Светската здравствена организација.

Габриела Точко

Loading...

Leave a Reply