Гатачка измамила кумановка преку Фејсбук за 30.000 денари

Сподели со своите пријатели

Дваесет и четиригодишна кумановка била измамена од гатачка преку социјалната мрежа Фејсбук за сума од 30.000 денари.

Loading...

– На 07.12.2020 во 18.00 часот во СВР Куманово, 24-годишна жена од Куманово пријавила дека била измамена од С.Н. од Штип за сума од околу 30.000 денари. Според пријавеното, таа во октомври на социјалната мрежа „Фејсбук“ прочитала објава „жена што помага на луѓе“ и стапила во контакт со неа, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата,  според пријавеното, 24-годишната жена во повеќе наврати по брза пошта ѝ праќала пари и златен накит на штипјанката, но по некое време С.Н. не била достапна, по што пријавителката заклучила дека била измамена.

Се работи на расчистување на случајот, велат од МВР.

Никола Ивановски

Leave a Reply