Кумановец доби кривична бидејќи во јуни се движел во полициски час

Сподели со своите пријатели

Дваесет и деветгодишен кумановец доби кривична пријава бидејќи во јуни се движел со својот автомобил во време кога траел полицискиот час.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.И.(29) од с.Романовце, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат денеска од полицијата, на 04.06.2020 на ул.„11 Октомври“ во Куманово, полициски службеници го затекнале пријавениот со патничко возило за време на забрана за движење на населението, донесена од Владата на Република Северна Македонија.

Никола Ивановски

Leave a Reply