ССОУ „Киро Бурназ“ стана државно училиште

Сподели со своите пријатели

Средното стручно училиште од Куманово „Киро Бурназ“ стана државно средно училиште, регионален центар за стручно образование и обука, сооопштија, денеска надлежните од уилиштето.

Loading...

Заинтересираните за дообука, доквалификација, преквалификација ќе имаат можност да се стекнат со знаења и вештини во ова училиште и да станат поконкурентни на пазарот на трудот.

– „Киро Бурназ“ Куманово, од 24, ноември годинава со одлука на Владата на Република Северна Македонија, официјално премина во државно средно училиште – Регионален центар за стручно образование и обука или ВЕТ центар за североисточен плански регион и тоа центар кој води кон извонредност од две струки: земјоделско-ветеринарната и хемиско-технолошката. Концептот за развивање на РЦСОО, обезбедува насоки за преземање на понатамошни чекори кон атрактивно, ефикасно и ефективно стручно образование и обука со опфат на формалното, неформалното образование на возрасни и валидација на неформалното и формалното учење-изјави, директорката на училиштето, Весна Трајковска.

 

 

Таа појаснува дека во ВЕТ центри акцент се става на неформалното образование и можноста за доквалификација, преквалификација, валидација или стекнување со ново занимање, со посетување на соодветна обука.

– Со оглед на тоа што нашето училиште во наредниот период ќе биде комплетно инфраструктурно реновирано, ќе се стави во употреба и досега неупотребуваниот Ученички дом, што е во состав на нашето училиште, истовремено ќе биде комплетно опремено со современа опрема и нагледни средства, не само за профилите за кои ќе бидеме Регионален центар туку и за сите други профили кои ги имаме во формалното образование. Со тоа ќе имаме поефикасно и поефективно образование и ќе продуцираме квалитетен кадар кој ќе одговори на потребите на пазарот на трудот. Кадарот со кој располагаме е доволен за реализирање на моменталните програми а понатаму за нови обуки со нови содржини ќе имаме можност да ангажираме соодветен кадар според потребите-вели Трајковска.

Loading...

Во овој центар ќе се спроведува прицнипот на доживотното учење, ќе се постигне поголема флексибилност и вработливост за сите слоеви на населението, за да се изгради општество кое се темели на знаење, конкурентност и инклузивност.

Во училиштето ќе продолжи формалното образование застапено со веќе постоечките профили (земјоделско-ветеринарна струка, хемиско-технолошка, машинска и лични услуги), но ќе се врши и обука на возрасни со веќе верифицираните програми но, и можност за подготвување на програми за обука, согласно потребите на пазарот на трудот општините од целиот регион.

Во центарот ќе можат да се едуцираат ученици, возрасни, ќе има обука на наставници, за соодветни потреби.

Leave a Reply