Неделна временска прогноза за Куманово: Никаде без чадор!

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд.

Loading...

Врнежите ќе бидат пообилни (над 35л/м2), на места поројни, проследени со засилен ветер од југоисточен правец.

На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од еден степен над нулата во текот на утринските часови, до максимална дневна од шест степени.

 

 

Loading...

Вторник не носи врнежи. Ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Температурата ќе биде во благ пораст. Утринската и натаму ќе биде околу првиот степен, но максималната дневна во кумановско се очекува да биде околу 10от степен.

Нови врнежи од дожд пристивнуваат веќе во среда. Утринската температура ќе се движи околу вториот степен над нулата, а максималната дневна ќе достигне 7 степени целзиусови.

Слично време ќе имаме и во четврток, но шансите за дожд ќе бидат помали во споредба со среда. Температурата ќе се движи од -1 во утринските часови, до максимални 9 во текот на денот.

 

 

Врнежите ќе престанат во петок. Времето ќе биде претежно облачно со кратки сончеви периоди. Утринската температура ќе биде околу еден степен во позитива, а максималната дневна ќе достигне осум степени.

Викендот што претстои носи повторно врнежи од дожд.

Loading...

Во сабота ќе имаме услови за врнежи и температури од 2 до седум степени, додека недела носи повеќе врнежи, а температурата ќе се движи од 1 степен во утринските часови, до максимални осум во текот на денот.

 

 

Кон почетокот на следната недела се очекува да престанат и врнежите.

УХМР/ accuweather / Никола Ивановски

Leave a Reply