Вселенски туристички водич е нова професија, а ова им се униформите (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

„Вирџин Галакси“ откри како изгледаат новите униформи што персоналот ќе ги носи додека се грижи за туристите кои ќе плаќаат за патувањето до работ на вселената, а како што се очекува, веќе следната година.

Loading...

Униформите се дизајнирани во соработка со компанијата за облека „Under Armour“, а членовите на персоналот ќе ги носат и на пробен лет овој месец.

Тест летот, закажан за 10 декември, ќе биде првото патување во вселената со екипажот што тргнува од Ново Мексико.

Новите униформи ќе ги носат главниот пилот Дејв Мекај и космонаутот Страрчков на декемврискиот лет, кој по шести пат лета во вселената и се очекува да биде првиот човек што ќе лета во вселената од три различни американски држави.

Двајцата се дел од осумчлен тим кој ќе игра улога на водич за „вселенските туристи“.

Меѓу првите патници кои го презедоа резервираа летот е Сер Ричард Бренсон, сопственик на Вирџин Галакси.

 

Loading...

 

Се очекува првото туристичко патување до работ на вселената со „Вирџин галактик“ да започне на крајот на март 2021 година.

Што се однесува до униформите, дизајнерскиот тим се потрудил да направи облека што нема да биде тешко да се носи, ќе изгледа убаво и ќе одговара на сите патници.

Исто така, се внимавало униформата да биде издржлива со оглед на посебните услови во текот на летот.

Затоа, дизајнерите, со своето искуство и совети, им помогнале на членовите на персоналот што ќе ги носат. Прво се тестирани пробни верзии на униформите, сè додека не се донесе конечната верзија.

Производителите на униформа изјавија дека нивниот центар за иновации сторил сé за да бидат функционални и убави, како и да ги „надминат очекувањата“, да бидат удобни, да обезбедат непречено движење и да не влијаат на природните процеси на одржување на телесната температура.

Leave a Reply