Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден рече дека се надева оти Доналд Трамп ќе присуствува на неговата инаугурација на 20 јануари „за да им даде пример на другите нации каква е демократијата во САД“, но и да покаже мирно предавање на власта на политичкиот ривал.
Администрацијата на Трамп изрази скептицизам во врска со идејата сегашниот претседател на САД да биде на инаугурацијата на 20 јануари. Трамп и натаму вели дека „победил“, истакнувајќи дека станува збор за изборна кражба.
– Одлуката зависи од него. Нема лични последици за мене, но мислам дека е важно за државата да присуствува. Одбивањето да се признае поразот се случува во режими управувани од мали диктатори, рече Бајден.
Пандорка Арсовска-Гацова