„Модерна“: Во првиот квартал од 2021 година ќе бидат достапни 100 милиони вакцини

Сподели со своите пријатели

Американската фармацевтска компанија „Модерна“ соопшти дека очекува во првиот квартал од 2021 година да испорача меѓу 100 и 125 милиони дози експериментална вакцина против Ковид-19.

Loading...

Компанијата наведе дека 85 до 100 милиони дози вакцина ќе бидат достапни во САД, а 15 до 25 милиони надвор од земјата.

„Модерна“ планира следната година да произведе меѓу 500 и една милијарда дози вакцина за целиот свет.

Габриела Точко

Leave a Reply