Викенд временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Понекаде во котлините ќе се задржи магливо и ќе има умерена до значителна облачност. Врнежите преку ноќта краткотрајно ќе престанат, а ветерот ќе намалува со интензитетот, но ќе остане јужен.

Loading...

Наутро понекаде по котлините магливо. Преку денот значително облачно со повремен дожд поинтензивен во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со услови за врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од минимални еден степен над нулата, до максимални 8 степени во текот на денот.

Сабота носи разведрување. Времето ќе биде сончево до умерено облачно, Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи околу нула степени, а максималната дневна ќе достигне 11 степени целзиусови.

Недела носи зголемување на облачноста, но без услови за врнежи. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи во интервал од 3 степени во утринските часов, до максимални 11 степени целизусови.

Стартот на новата работна недела носи услови за врнежи од дожд.

Никола Ивановски

Leave a Reply