Регионалниот директор за Европа на Светската здравствена организација Ханс Клуге, денеска оцени дека ветувањата за развој на вакцината против коронавирусот се „феноменални“ и дека тие претставуваат потенцијална точка на пресврт.
Обраќајќи се на брифинг во Копенхаген, Клуге рече дека се очекува залихите на вакцини да бидат многу ограничени во раните фази и истакна дека државите мора да одлучат кој ќе има приоритет при вакцинацијата.
Тој потсети дека СЗО посочи дека постои сè поголем консензус дека вакцината прво треба да им се дава на стари лица, здравствени работници и лица со хронични болести.
Велика Британија вчера стана првата земја во светот што одобри употреба на вакцина против коронавирусот на компаниите Фајзер и Бионтек.
Сања Костовска