СЗО: Можно е воведување електронски сертификати за вакцинација

Сподели со своите пријатели

Светската здравствена организација (СЗО) не препорачува земјите-членки да издаваат „пасоши за имунизација“ на граѓаните кои се опоравиле од Ковид-19, но смета дека е можно да се воведат електронски сертификати со кои се потврдува вакцинацијата за патувања во странство, изјави  Сидарта Санкар Дата, експерт од регионалната канцеларија на СЗО за Европа.

Loading...

– Ние темелно ја истражуваме можноста за користење технологии за одговор на пандемијата на Ковид-19. Ова исто така важи и за соработка со земјите-членки на СЗО во врска со спроведувањето на електронски сертификати за вакцинација, рече Дата.

Според Светската здравствена организација, сега низ целиот свет има околу 170 проекти за развој на вакцина против коронавирусот. 

Пандорка Арсовска-Гацова

Leave a Reply