Се менува кровната конструкција на ООУ „Магдалена Антова“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Почна реконструкција на кровот на кумановското основно училиште „Магдалена Антова“, информираа денеска одговорните од училиштето. Средствата за оваа инвестиција ги обезбеди  Владата преку Министерството за образование и наука и дел од општина Куманово.

Loading...

 

 

-Кровот се заменува после 40 години, откако е изградено училиштето. Протекуваше, беше дотраен, имаше и азбестни плочи. Сега очекуваме да добиеме поздрава и побезбедна средина за одвивање на наставата. Благодарни сме сите вработени, ученици и родители на инвестицијата од 1,8 милиони денари од Владата преку ресорното министерство и на општина Куманово која одвои околу 200.000 денари-изјави директорот на училиштето, Жарко Димитријевиќ.

 

 

Loading...

На терен градежните активности ги изведува битолска приватна компанија која е избрана на тендерот.

 

 

Во училиштето кое се наоѓа во населбата Карпош настава следат 692 ученици од кои од прво до трето физичко присуство, останатите онлајн настава.

 

 

Loading...

Димитријевиќ се надева дека до крајот на учебната година ќе почне замената на дел од надворешната столарија и подови, со што дополнително ќе се обезбедат соодветни услови за квалитетно одвивање на образованиот процес.

 

 

Leave a Reply