Градоначалникот на тексашкиот главен град Остин, Стив Адлер заминал со приватен авион на одмор во Мексико и преку видео порака ги повикал сограѓаните да останат во своите домови поради пандемијата на Ковид-19.
Интересно е што од видео снимката не можело да се забележи дека Адлер е надвор од градот.
– Треба да останеме дома ако можеме. Ова не е време за опуштање, вели Адлер на снимката, кој дури и ги предупреди граѓаните дека ќе мора да се воведе „локдаун“ доколку не бидат внимателни.
Адлер тврди дека не прекршил ниту едно правило, бидејќи во тој момент не била во сила забрана за патувања.
Тој пред заминувањето во Мексико, организирал свадбена веселба за својата ќерка во еден хотел во Остин. Адлер призна дека на свеченоста не биле веројатно носени маски постојано, иако им биле поделени на гостите.
Габриела Точко