САД се соочуваат со најмрачната здравствена криза во историјата

Сподели со своите пријатели

Директорот на американскиот Центар за контрола и превенција на болести, Роберт Редфилд, предупреди дека пандемијата на Ковид-19, која сè уште беснее низ целата земја, ќе претставува најмрачна здравствена криза во историјата на земјата во следните неколку месеци, пред вакцините да станат широко достапни.

Loading...

Пораката од еден од највисоките здравствени функционери во земјата следува по прославата на Денот на благодарноста во која милиони Американци ги игнорираа предупредувањата за избегнување патувања и големи собири, дури и со големо зголемување на случаи на Ковид-19.

Покрај огромната загуба на животи, земјата се соочува и со фактот дека здравствениот систем е затегнат до точка на пукање, рече Редфилд. Според него, заразата сега стигнала до сите делови на земјата и продолжува да се шири по многу пострмна патека од кој било претходен бран на пандемијата.

– Реалноста е дека декември, јануари и февруари ќе бидат тешки времиња, рече Редфилд во живо на презентација организирана од Фондацијата на американската трговска комора.

– Всушност, верувам дека ова ќе биде најтешкото време во историјата на јавното здравје на оваа нација, додаде тој.

Јасмина Тасевска

Leave a Reply