Претрес во 76 џамии во Франција поради верски екстремизам

Сподели со своите пријатели

Француската Влада во борба против верскиот екстремизам ќе преземе повеќе активности, масовни и без преседан, меѓу кои е и претрес во џамии, изјави министерот за внатрешни работи Жерар Дарманин.

Loading...

Тој на Твитер напиша дека една од акциите ќе биде и проверка на 76 џамии во земјата.

Дарманин истакна дека резултатот од полициските акции, доколку се утврди поврзаност со екстремизам, би можело да биде и затворање на одделни џамии.

Габриела Точко

Leave a Reply