Пентагон одобри планови за повлекување на војници од Авганистан

Сподели со своите пријатели

Пентагон ги одобри плановите за повлекување војници од Авганистан, кои ќе задржат две поголеми бази во земјата, потврди командантот на Генералштабот на САД, генерал Марк Мајли.

Loading...

Командантот на Генералштабот на американската армија најави дека покрај двете поголеми бази на САД, тие ќе зачуваат и неколку сателитски бази. Сепак, тој не прецизираше кои бази ќе бидат затворени.

Мајли исто така рече дека американската армија ќе продолжи со своите две основни мисии – да помага на авганистанските безбедносни сили кои се борат против талибанците и да спроведува антитерористички операции против милитантите на Исламската држава и Ал Каеда.

Генералот одби да шпекулира за одлуките што може да ги донесе новоизбраниот претседател на САД.

– Сè што ќе следи ќе биде одлука на новата администрација, рече Мајли.

Јасмина Тасевска

Leave a Reply